Марсијал: Се сомневам дека ќе останам во Севиља следната сезона
Антони Марсијал призна дека неговиот постојан престој во Севиља ќе биде доста тежок. Французинот моментално настапува на „Рамон Санчез Писхуан“ како позајмен од Манчестер Јунајтед. Шпанците имаат опција да ги откупат неговите права, но не е баш сигурно дали ќе ја искористат.
„Веќе се чувствувам добро. Успеав да се опоравам од повредата која бараше многу време за одмор, но сега се чувствувам многу подобро. Бев многу внимателен со опоравувањето за да можам што побрзо да се вратам на терените. Моја цел е да го покажам најдоброто до крајот на сезоната. Дојдов овде да ја вратам радоста кон фудбалот откако долго време не играв редовно. Знам дека можам многу повеќе од тоа што го покажувам, но прво дојде повредата, па ми требаше време е да се прилагодам на новиот тим, на новиот град, имав проблеми и со јазичната бариера. Ми се чини дека ќе биде многу тешко да останам постојано во Севиља. Сепак, во моментов не размислувам за тоа. Дојдов со мислата дека ќе бидам тука шест месеци, а потоа ќе се вратам во Манчестер Јунајтед. Среќен сум што имам можност да играм за нов клуб, за голем клуб како Севиља и повторно да бидам на теренот. Ако успееме да завршиме во топ 4, тогаш сме ја постигнале целта. Ова ќе ги израдува навивачите, а јас ќе бидам среќен што помогнав“, додаде Французинот.