Ракитиќ: Судењето против Реал беше на наша штета

Хрватскиот играч за врска во Севиља, Иван Ракитиќ, изрази разочарување од поразот на неговиот тим од Реал Мадрид, со оглед на тоа што домаќините на пауза водеа со 2:0, а на крајот мечот го загубија со 2:3. Поранешниот играч на Барселона не пропушти да се пожали на делењето на правдата од страна на главниот судија на дуелот. 

Ракитиќ отворено го изрази своето незадоволство од судијата кој не го исклучи Камавинга за прекршокот врз Антони Марсијал.

„Исклучувањето на Камавинга ми изгледа многу јасно. Немам поим зошто судијата не му додели картон за таков прекршок. Мислам дека судењето беше против нас “, изјави Ракитиќ.