Никлас Зуле се враќа за дербито со Дортмунд
Германскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен,Никлас Зуле се врати во тимот и може да настапи на дербито против Борусија Дортмунд закажано за викендот.
Договорот на Зуле со Баерн истекува на крајот на сезоната и тој како слободен играч ќе се пресели токму во Борусија Дортмунд.
Никлас Зуле во последните 10 дена имаше грип и пропушти неколку натпревари на баварците, вклучувајќи ги и двата меча против Виљареал во Лигата на шампионите.