Ливерпул и Реал ќе добијат по 20.000 билети за финалето во Париз
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин го објасни принципот на распределба на билетите за финалето на Лигата на шампионите, во кое се пласираа Ливерпул и Реал Мадрид.
Двата тима добиваат по само 19.618 влезници, со оглед на тоа што стадионот има капацитет од 75.000. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази збунетост поради овој факт, а Чеферин го објаснил принципот и договорните односи со спонзорите не дозволуваат УЕФА да ја промени распределбата. „Пред неколку дена му го објаснив истото на еден од тренерите на тимовите кои стигнаа до финалето. Сега ќе го повторам тоа. Ми требаше подолго време бидејќи ги прегледав сите бројки. Од сите приходи од финалето, УЕФА добива 6,5%.додека 93,5% добиваат клубовите. Од сите други натпревари 100% одат за клубовите. Навивачите на двата тима добиваат по 20.000 билети. Ако спонзорите кои обезбедуваат повеќе од 100 милиони евра, од кои 93,5% одат за клубовите, добиваат билети, тоа е затоа што ние сме обврзани да го направиме тоа според договорите со нив. Ако влезниците се 10 евра нема да смени многу кај нас, но ќе смени многу за самите клубови. Навистина многу“, коментираше Чеферин.