Откажан пријателскиот натпревар меѓу Бразил и Аргентина

Пријателскиот натпревар меѓу јужноамериканските фудбалски гиганти Бразил и Аргентина, закажан за во јуни во Австралија е откажан.

Натпреварот беше планиран како дел од подготовките на двете селекции за Светското првенство во Катар, но координаторот на Бразилската фудбалска конфедерација Жунињо Паулиста изјави дека нивните аргентински колеги одлучиле да го откажат мечот.

Аргентинската фудбалска федерација не даде коментар за ова прашање, но се претпоставува дека откажувањето на натпреварот најверојатно е диктирано од одлуката на ФИФА да се преигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Бразил и Аргентина. Натпреварот меѓу двете селекции во септември минатата година беше прекинат набргу откако здравствените служби влегоа на терен, бидејќи дел од играчите во Аргентина ги прекршиле протоколите за ковид-19.