Левандовски ги известил челниците на Баерн дека сака да оди во Барселона

Англискиот “Скај спорт“ повикувајќи се на извори во Германија, пренесува дека полскиот напаѓач Роберт Левандовски, им кажал на челниците на неговиот актуелен клуб Баерн Минхен, дека не сака да го продолжи неговиот договор кој истекува во јуни 2023 година. Тој исто така изразил желба ова лето да биде продаден во Барселона.

Во информациите се наведува дека мотивите за заминување на Левандовски не се од финансиска причина, туку тој сака нов предизвик во својата кариера, настапувајќи во Ла Лига.

33-годишниот Левандовски е член на Баерн од 2014 година, и има постигнато 343 голови во сите натпреварувања.