Халанд вметнал откупна клаузула во договорот со Сити

Весникот „Билд“ објави дека Eрлинг Халанд ќе има клаузула во Манчестер Сити во висина од 140 милиони евра која може да биде активирана доколку фудбалерот посака да замине од англискиот состав.

Норважанецот пред неколку денови потпиша за „граѓаните“ а неговиот сегашен тим Борусија Дортмунд ќе добие 75 милиони евра.

21- годишниот фудбалер иако се поврзуваше со Реал Мадрид, сепак се определи да замине на „Етихад“.