Кулибали е замената за Кјелини во Јуве

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали е на радарот на Јувентус, пренесe „Тутоспорт“. „Старата дама“ бара замена за Џорџо Киелини, кој се разделува со „бјанконерите“ по 17 години верна служба во клубот.

Кулибали веќе стекна доволно искуство со дресот на Наполи во Серија „А“, со тоа што договорот на Сенегалецот со „небесно сините“ истекува во летото 2023 година. Кулибали е трансфер цел и на шпанскиот гигант Барселона.

Сенегалецот настапува за Наполи од 2014 година, кога италијанскиот клуб го купи од белгиски Генк. Кулибали моментално е проценет на 45 милиони евра. 30-годишниот централен дефанзивец има три гола и три асистенции на 34 натпревари на сите турнири во сезоната 2021/22.