Штутгарт бара три милиони евра за продажба на Чурлинов

Според објавата во германските медиуми, германскиот клуб Штутгарт, за евентуална продажба на Дарко Чурлинов ќе бара три милиони евра. 

Македонскиот репрезентативец игра како позајмен играч во Шалке 04, кој изрази желба да го задржи во своите редови и по завршетокот на сезоната. Одличните игри на Чурлинов ја зголемија неговата пазарна вредност, и сега останува да се види дали Шалке ќе се одлучи да ги исплати потребните средства на Штутгарт кој има договор со фудбалерот до 2024 година.