Томори добива нов договор на „Сан Сиро“
Милан и дефанзивецот на „росонерите“ Фикајо Томори се во напредни преговори за продолжување на договорот на централниот дефанзивец.
Актуелниот договор на Англичанецот истекува во 2025 година, но новиот шампион на Италија е задоволен од настапите на фудбалерот и ќе ја зголеми годишната плата на 3,5 милиони евра. Томори пристигна на „Сан Сиро“ во јануари 2021 година со трансфер од Челзи, првично на позајмица, а потоа и постојан договор.
Во текот на шампионската сезона за „росонерите“ 2021/22 Томори одигра 40 натпревари во сите натпреварувања. 24-годишниот дефанзивец постигна и еден гол во Лигата на шампионите.