Едерсон од Салернитана е замената за Песина во Аталанта
Аталанта финализираше два договори за неколку часа. Клубот од Бергамо го испрати Матео Песина на позајмица во Монца и како негова замена го зеде играчот од средниот ред на Салернитана, Едерсон.
Тимот од Бергамо за Едерсон ќе плати 14 милиони евра, а сумата може да се зголеми на 21 милион со бонусите вклучени во договорот. Во Салерно замина и дефанзивецот Матео Ловато, кој пролетва играше како позајмен во Каљари.
Аталанта најави и разделба со Матео Песина. Италијанскиот репрезентативец оди во дебитантот во Серија А, Монца. Ќе биде позајмен, но со опција за откуп за 15 милиони евра. 50% од оваа сума оди во Милан, од каде беше привлечен Песина во 2017 година.