Милан се откажува од трката по Дибала

Милан не упатил понуда до аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала, чиј договор со Јувентус истече на крајот на јуни. Ова го објави новинарот Николо Шира на Твитер. Според изворот, италијанскиот шампион не ни размислувал да потпише договор со 28-годишниот фудбалер.

Од 2015 година Дибала настапуваше за Јувентус каде на 293 натпревари постигна 115 голови и 48 асистенции. Двете страни не можеа да се договорат за продолжување на соработката, па Пауло Дибала го напушти Торино како слободен играч.

Беше објавено дека Интер, Наполи, како и неколку клубови во Англија би можеле да потпишат со Дибала. Претходно се дозна дека Дибала планира да добива 6 милиони евра по сезона во новиот тим.