Андреас Переира е нов играч на Фулам
Бразилскиот интернационалец Андреас Переира потпиша четиригодишен договор со тимот на Фулам кој оваа сезона повторно се врати во Премиер лигата.
Переира настапува во најдобрата англиска лига од 2014 година кога пристигна во редовите на Манчестер Јунајтед. Меѓутоа во клубот од Олд Трафорд одигра само 45 натпревари и постигна два гола. Остатокот од договорот со Јунајтед го помина на позајмица во Гранада, Лацио, Валенсија и Фламенго.
Фулам за услугите на Переира плати 10 милиони фунти, со потенцијални бонуси од дополнителни 3 милиони фунти.