Сити спремен да ги одбие сите понуди за Бернардо Силва
Манчестер Сити нема намера да го продаде Бернардо Силва на Барселона, иако Каталонците имаат многу сериозен интерес за играчот, пренесува весникот „Мирор“.
Шпанскиот гигант во неколку наврати навести дека сакаат да го ангажираат португалскиот плејмејкер, па дури и Жоан Лапорта се пошегува за тоа во заедничко интервју со Пеп Гвардиола.
Сепак, шампионите во Премиер лигата се децидни дека ќе ги одбијат понудите за играчот.
На почетокот на овој месец, шпански „Спорт“ објави дека од „Камп Ноу“ се подготвени да дадат понуда вредна 70 милиони фунти и се надеваат дека таа ќе биде прифатена. Фудбалерот и минатото лето беше блиску до трансфер во Барселона, но тогаш беше убеден од газдите да остане на „Етихад“.