Бензема и Анчелоти фаворити за наградите на сезоната на УЕФА

УЕФА вчера ги објави кандидатите кои ќе конкурираат за наградата „Играч на годината“, едно име посебно се издвојува.

Карим Бензема дефинитивно е првиот фаворит за оваа награда. Французинот одигра страшна сезона во Реал Мадрид со кој освои три титули – Примера, Лига на шампиони и УЕФА Суперкуп. Покрај Бензема во конкуренција се Тибо Куртоа и Кевин Де Брујнe.

Зад нив подолу на листата сез: Левандовски, Модриќ, Мане, Салах, Винисиус, Ван Дајк, Бернардо Силва, Лоренцо Пелегрини, Трент Александар-Арнолд и Фабињо.

Објавени се и номинациите за тренер на годината: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Јирген Клоп (Ливерпул). Тука фаворит е стратегот на „кралевите“ поради освоените титули.