Ерик Баили на излезна врата од Манчестер Јунајтед
Навивачите на Манчестер Јунајтед во никој случај не смеат да бидат задоволни со тоа што го сработи нивниот тим на трансфер пазарот, посебно кога во прашање се новите аквизиции на клубот.
Тен Хаг се ослободи од многу фудбалери кои доста време беа под договор, а или не беа прва опција или воопшто не го прикажуваа тоа поради кое беа донесени.
Сега, се очекува уште еден играч да го напушти „Олд Трафорд“ на перманентна основа. Станува збор за стоперот, Ерик Баили за кого интерес има од многу тимови, но само два пројавиле интерес да го ангажираат перманентно.
Станува збор за Олимпик Марсеј и Монако кои се подготвени да издвојат пари и да го ангажираат Баи. За разлика од овие два тима, интерес за стоперот има и од Вест Хем, Фулам, Севилја, Милан и Рома, но сите тие сакале да го ангажираат на позајмица, нешто што не им одговарало на „ѓаволите“.