Сериозна повреда на Вајналдум, ќе отсуствува 2-3 месеци
Играчот од средниот ред на Рома, Жоржињо Вајналдум се повреди на вчерашниот тренинг на тимот и најверојатно ќе биде опериран. Од клубот потврдија дека Холанѓанецот има скршеница на потколеницата на десната нога, но се уште не е јасно колку време ќе биде надвор од терените. Вајналдум денес ќе биде подложен на дополнителни тестови. Се очекува да пропушти од два до три месеци.
31-годишниот поранешен играч на Њукасл и Ливерпул беше донесен на позајмица од Пари Сен Жермен. По неговото пристигнување во Рим, на аеродромот го пречекаа стотици навивачи на „џалоросите“.
Вајналдум дебитираше од клупата минатата недела кога Рома ја започна сезоната во Серија А со тесна победа над Салернитана (1-0). Се очекуваше холандскиот репрезентативец да стартува вечерва на домашен терен со Кремонезе.