Маркоски ја напушти Шкендија и потпиша за Вардар
Кире Маркоски е новото засилување на Вардар. Како што објавија од македонскиот второлигаш, тој потпишал едногодишен договор со Вардар.
27 годишниот напаѓач има 5 настапи и 1 постигнат гол за најдобрата репрезентација на Македонија, 6 голови на 16 настапи за младата репрезентација, вклучувајќи ги и настапите на Европското првенство вo 2017 година.
Маркоски последниот ангажман го имаше во екипата на Шкендија.