Халанд руши рекорди во Лигата на шампиони

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, својата одлична форма од Премиер лигата ја пренесе и на почетокот од новата сезона во Лигата на шампионите.

Норвежанецот постигна два гола на дуелот со Севиља на гостински терен, и стигна до бројка од 25 погодоци во ЛШ. Никој во историјата на ова натпреварување не постигнал 25 гола побрзо од Халанд, кој ова го оствари на 20 натпревари.

Халанд стана само четврти играч кој успеал да постигне гол на дебито за три различни клуба во Лигата на шампиони. Претходно имаше постигнато гол за Салцбург, Борусија Дортмунд , сега успеа да биде стрелец и за Манчестер Сити.