Томе Китановски се врати во ФК Пелистер
Поранешниот играч на битолски Пелистер Томе Китановски официјално се врати во својот матичен клуб и ќе биде големо засилување за екипата во новата сезона.
Китановски е офанзивен бек но може да настапува и на други позиции во тимот. Тој во Битола доаѓа од прволигашот Струга ТЛ.
Со неговото доаѓање во клубот, Пелистер ги зголемува своите амбиции во Втората македонска лига и се надева на брзо враќање во елитата.