Одбиено барањето за работна дозвола на Диего Коста
Фудбалскиот клуб Вулверхемптон поднесе жалба на одлуката со која се одбива работната дозвола на напаѓачот Диего Коста, пренесуваат медиумите во Англија.
Вулверхемптон проба да го регистрира 33-годишниот Коста како нов играч на клубот, откако најновото засилување на екипата Саша Калајџиќ ќе биде надвор од терените после повредата на ахиловата тетива која ја заработи минатиот викенд.
Како причина за одбивањето на работната дозвола за Коста се наведува фактот дека тој нема одиграно професионален фудбалски натпревар од 12.декември минатата година.
Од Вулверхемптон поднесоа жалба на одлуката до Фудбалскиот сојуз со надеж дека истата ќе биде променета, и фудбалерот ќе може да настапува за клубот.