Данило: Во поголем дел од натпреварот бевме рамноправни со ПСЖ

Фудбалерот на Јувентус, Данило, по вчерашниот минимален пораз на теренот на ПСЖ (2-1), нагласи, дека не биле реални проценките дека францускиот тим ќе има лесна задача против „старата дама“.

„Не гледам причини зошто требаше да биде лесен меч за ПСЖ. Денеска освен во воведните 20 минути, докажавме дека имаме карактер и квалитет. На наредниот меч треба да бидеме максимално фокусирани од првата минута. Не смееме да покажеме слабост“ – беа зборовите на Данило кој го одигра целиот натпревар на „Паркот на принцовите“.

Италијанскиот тим во второто коло ќе биде домаќин на Бенфика која вчера славеше против изралескиот состав Макаби Хаифа со 2-0.