Халанд во одбрано друштво со гол на трите дебија во Лигата на шампионите

Норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд, вчера ги постигна првите два гола во Лигата на фудбалските шампиони во дресот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ заслужено славеа на теренот на Севилја со 0-4 а корпулентниот напаѓач успеа во два наврата да го совлада домашниот голман.Токму со тој ефект, Халанд стана четвртиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал најмалку еден гол во дебитантскиот настап за три различни клуба – Салцбург, Борусија Дортмунд и Манчестер Сити.

Тоа пред него го имаат направено Фернандо Мориентес, Хавиер Савиола и Златан Ибахимовиќ.