Кеси незадоволен во Барса, сакам експресно да се врати во Серија А

Франк Кеси ова лето го напушти Милан и како слободен агент се пресели во Барселона, но многу брзо би можел да се врати во Серија А.

Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона и во првите четири натпревари секогаш е на клупата за резерви и одигра само 35 минути.

Чави не го гледа во стартниот состав, а откако Де Јонг на крајот остана на „Камп Ноу“, Кеси тешко дека ќе добие поголема минутажа.

Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а интерес за него покажува Јувентус. „Бјанконерите“ се спремни да го донесат на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната за 20 милиони евра.