Барса го сруши рекордот на трансфери во женскиот фудбал
Барселона и Манчестер Сити се клубови кои имаат одлични односи.
Двата клуба во претходните години имаа голем број соработки, сега имаат нова во женскиот фудбал. Имено, Кеира Валш стана најскапата фудбалерка во историјата. Сумите во женскиот фудбал се мизерни кога ќе се споредат со оние во машкиот.
Така најдобрата фудбалерка на Европското првенство на кое стана шампионка со Англија ќе премине во Барселона за 400.000 евра. Со ова ќе биде надминат рекордот од 2020 година кога Челзи плати 100.000 фунти за Пернил Хардер.