Пешиќ: Постојат повеќе причини за поразот на Србија од Италија
Кошаркарската репрезентација на Србија го заврши својот настап на Европското првенство во Кошарка после неочекуваниот пораз во осминафиналето од Италија со резултат 94:86.
Селекторот на српската репрезентација, Светислав Пешиќ, признава дека Италија одиграла извонреден натпревар и дека Србија беше заслужено поразена.
„Италија одигра фантастично, тие беа свежи како тим, физички фантастично подготвени. Не сакам да барам изговори за нашиот пораз но како тим се соочувавме со голем број на проблеми низ припремите за првенството. Многу играчи испаднаа од екипата за време на подготовките, имавме повреди, болести, некои играчи успеаја да се вратат, некои не. Кога се игра еден ваков натпревар знаевме дека може да се случи и пораз. Сега следува анализа и соопштување на идните планови“, изјави Пешиќ.