Бруно Гимараеш: Преговарав со Реал, но сакам да станам легенда на Њукасл

Бруно Гимараеш е свесен дека Реал Мадрид е заинтересиран за него, но уште еднаш истакнува дека е среќен во Њукасл.

Тој минатата зима потпиша договор со Њукасл за нешто повеќе од 40 милиони и брзо се прилагоди на фудбалот во премиер лигата, стана еден од најважните играчи во тимот на Еди Хау.

Летово интерес за него покажа Реал Мадрид. Бразилецот потврди дека имало разговор со Реал Мадрид, но не се случувало ништо повеќе.

„Реал е најдобриот тим во светот и убаво е кога се интересираа за вас, но тоа беше само разговор, ништо повеќе… Сакам да бидам легенда на Њукасл. Луѓето овде ме сакаат и јас ги сакам нив. Никогаш не се сомневав во проектот на клубот“, рече тој. Гимараеш и ги запали навивачите.

Њукасл, иако клубот со најбогатите сопственици во светот, трпеливо гради тим кој ќе им го донесе успехот што го посакуваат во иднина, а нема сомневање дека Гимараеш треба да биде еден од клучните играчи.