Челзи заинтересиран за Дејвид од Лил
Водечките луѓе во Челзи се заинтересирани за доведување на напаѓот од Лил, Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезентативец Дејвид, за Лил настапува од 2020.година кога за 27 милиони евра пристигна од екипата на Гент. Тој со францускиот клуб има договор до јуни 2025.година.
Дејвид одлично ја отвори новата сезона во Лил, каде постигна девет гола на 11 натпревари. Челзи ќе проба да го ангажира напаѓачот уште во зимскиот преоден рок.
22-годишниот Џонатан Дејвид на СП ќе ја предводи Канада, која е во група со Хрватска, Мароко и Белгија.