Арсенал со понуда за Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Арсенал кој е водечки тим на табелата во Премиер лигата, посакува задржување на формата и во наредниот период, па така тренерот Артета е заинтересиран за фудбалски засилувања кои ќе му помогнат на тимот во освојување на шампионската титула.

Микел Артета наводно побарал од челниците на Арсенал да го доведат фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Според некои информации од италијанските медиуми, веќе започнале преговорите помеѓу двата клуба, и Арсенал ја доставил првата понуда која била во износ од 55 милиони евра, плус играчот Самби Локонга. 

Очекувањата се дека оваа понуда ќе биде одбиена од претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој очекува далеку повисока понуда за Србинот. Медиумите пренесуваат дека ова е само прва понуда и дека истата со сигурност ќе биде зголемена во наредниот период.