Италија го сака мундијалското место ако Иран биде исфрлен од Мундијалот
Иран е во центарот на вниманието пред почетокот на Светското првенство поради потенцијалното нејзино исфрлање.
Вчера Украинците објавија дека според нив тие треба да го добијат местото ако оваа азиска репрезентација биде исфрлена, а денес се јавија и Италијанците.
Италија преку својот амбасадор во Обединетите Нации, Маурицио Масари испрати писмо до претседателот на ФИФА Џани Инфантино во кое се наведува дека тие како актуелни шампиони на Европа имаат право да го побараат тоа место доколку Иран навистина биде исфрлен.