Влаховиќ повреден непосредно пред Мундијалот во Катар

Јувентус загуби од Бенфика со 4-3 и така ги загуби шансите за продолжување во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Изненадување беше кога во овој натпревар во 70. минута од натпреварот тренерот Масимилијано Алегри одлучи да го замени Душан Влаховиќ.

Меѓутоа после натпреварот пристигнуваат информации дека српскиот голгетер се здобил со повреда. Наводно, Влаховиќ почувствувал болка во бутот и дополнителните медицински прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор.

Ова секако го вклучи алармот и во редовите на репрезентацијата на Србија која се подготвува за Мундијалот во Катар кој стартува за помалку од еден месец (20 ноември).