Њукасл спремен да понуди огромна сума за Лаутаро
Њукасл Јунајтед наводно конечно е спремен да потроши голема сума за еден трансфер, а како што пишуваат италијанските медиуми, нивна цел во летото следната година е аргентинскиот напаѓач на Интер Лаутаро Мартинез.
Њукасл Јунајтед стана најбогатиот тим на светот откако минатата година беше преземен од конзорциум од Саудиска Арабија, а тимот полека се движи кон врвот на англискиот фудбал.
„Страчките“ веќе донесоа неколку познати имиња. Најмногу пари одвоија за шведскиот напаѓач Александар Исак, дури 70 милиони евра, а следниот трансфер може да ги сруши сите рекорди. Италијанските медиуми тврдат дека на мета на англискиот клуб е аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез и дека тимот од „Ст. Џејмс Парк“ прави се за да го доведе во своите редови.