Де Хеа сака да остане во Манчестер Јунајтед
Голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Хеа е подготвен да го продолжи договорот со клубот од Олд Трафорд.
Де Хеа има договор со Јунајтед кој истекува на крајот од сезоната, според кој има неделна плата од 430 илјади евра. Шпанецот во неодамнешните изјави вели дека сака да остане во Манчестер и дека е подготвен да потпише нов договор за помала плата.
31- годишниот Де Хеа во Манчестер Јунајтед пристигна во 2011 година од мадридски Атлетико. Досега за англискиот клуб има забележано 504 натпревари. Шпанскиот голман има голема поддршка од тренерот Ерик тен Хаг и најверојатно соработката ќе биде продолжена.