Челзи спремен да понуди сто милиони евра за Рафаел Леао

Челзи не се откажува од намерата да го доведе Рафаел Леао на „Стенфорд Бриџ“.

Челзи во последните денови од преодниот рок испрати богата понуда за Леао, но Милан експресно ја одби бидејќи не сака да го продава Португалецот.

Леао беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А минатата сезона и Милан порача дека може да замине само ако некој ја плати откупната клаузула од 150 милиони евра. Челзи не се откажува, особено ако Леао не стави потпис на нов договор со „росонерите“, кој истекува во 2024 година.