Нејмар: Овој Мундијал ќе донесе многу квалитетно ниво

Бразилскиот напаѓач Нејмар проговори за тајмингот на Светското првенство во Катар и за квалитетот кој го очекува на СП.

„Треба добро да се подготвите за натпреварот, да бидете во стопроцентна форма и физички и психички. Подготовките за овој Мундијал се одвиваат подобро од вообичаено бидејќи наидува на средината на сезоната кога играчите се во најдобра физичка кондиција. Фудбалерите може да се уморат по сите турнири на крајот од сезоната, па мислам дека нивото на овој Мундијал ќе биде многу високо “, изјави Нејмар.

Бразил е во групата Г и ќе игра со Србија, Швајцарија и Камерун. Селекцијата на Бразил првиот натпревар на Светското првенство ќе го одиграат на 24 ноември со репрезентацијата на Србија.