Дејан Станковиќ останува тренер на Сампдорија

Тренерот на калчолигашот Сампдорија, Дејан Станковиќ, нема да добие отказ од клубот. Иако српскиот тренер не забележа победа на досегашните четири натпревари во Серија А, тој доби целосна доверба од раководството на клубот од Џенова.

Според информациите, се очекува Сампдорија во наредниот преоден рок да доведе неколку фудбалски засилувања со кои ќе проба да обезбеди опстанок во најдобрата италијанска лига.

Сампдорија во моментот се наоѓа на претпоследната позиција од табелата во Серија А.