Можна е преселба на ПСЖ од стадионот Парк на принцовите

Претседателот на фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен, Насер Ал Келаифи, ја разгледува можноста клубот да го напушти стадионот Парк на принцовите, бидејќи екипата од Париз заслужува подобар стадион.

„ПСЖ заслужува да игра на подобар стадион. Моја прва опција беше да не се селиме на друг стадион, меѓутоа градските власти во Париз не тераат да го направиме тоа. Досега имаме потрошено 85 милиони евра за модернизација на стадионот, кој не е во наша сопственост. Имаме желба да го купиме Паркот на принцовите но властите во Париз побараа многу висока цена“, изјави Келаифи.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ планира купување и преселба на друг стадион во Париз.