Жиру е најдобриот стрелец во историјата на Франција
Францускиот фудбалски репрезентативец, Оливије Жиру, стана најдобриот стрелец во историјата на националниот тим.
36-годишниот Жиру се запиша во листата на стрелци во осминафиналето на СП во Катар и победата над Полска со 3:1. Голгетерот на Франција беше стрелец на голот во 43.минута од натпреварот, и тоа беше негов 52.гол за француската репрезентација.
Жиру за триколорите дебитира во 2011 година, и има одиграно вкупно 116 натпревари.