Португалски напаѓач ќе го менува Роналдо на „Олд Трафорд“

Гонсало Рамош е една од желбите на Манчестер јунајтед за нов
напаѓач на месото на Кристијано Роналдо, но Бенфика нема лесно да
се откаже од младиот голгетер. Гонсало Рамош е единствениот фудбалер кој забележа хет-трик на мундијалот во Катар, фудбалерот на Бенфика неочекувано доби шанса пред Кристијано Роналдо на натпреварот против Швајцарија и на укажаната доверба одговори со три гола.
Младиот напаѓач сега може да го наследи својот поискусен сонародник и на Олд Трафорд, според пишувањата на Телеграф, Гонсало Рамош е едно од имињата во бележникот на „ѓаволите“ за
засилување на офанзивната линија по разделбата со ЦР7.
Но зделката воопшто нема да биде лесна, Бенфика не сака да го загуби Гонсало Рамош во јануари, и прстот го вперува кон откупната клаузула од 120 милиони евра.
„Единствена цел е да имаме победничка сезона, па ниту еден играч нема да замине, односно може да замине само доколку некој ја плати откупната клаузула“, вели претседателот на „орлите“, Руи Кошта.