Манчестер Јунајтед понудил 60 милиони евра за Гризман
Шпанските спортски портали пренесуваат вест дека англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед му понудил на Атлетико Мадрид 60 милиони евра за купување на Французинот Антоан Гризман.
Клубот предводен од тренерот Тен Хаг, е во интензивно барање на напаѓач кој ќе биде замена за Кристијано Роналдо кој ги напушти „црвените ѓаволи“ пред почетокот на Светското фудбалско првенство.
Гризман во 2019 година за 120 милиони евра, премина од Атлетико Мадрид во Барселона, но не ги оправда очекувањата во каталонскиот клуб, па така во 2021 година тој се врати во Атлетико како позајмен играч, а неодамна популарните „јорганџии“ го откупија неговиот договор за 20 милиони евра.