Конте доби понуда за нов договор, но не брза да го потпише
Тотенхем ќе му понуди нов договор на тренерот Антонио Конте со
зголемување на платата.
Од клубот се подготвени да ја зголемат платата на италијанскиот
стручњак за 1 милион фунти годишно. Исто така, се дознава дека
клубот е подготвен да ангажира двајца нови играчи во зимскиот
преоден рок за да го засили тимот.
Сепак, Конте не брза да потпише нов договор. Тој сака да се погрижи
да биде поддржан не само во јануари, туку и во летниот преоден рок,
објави „Телеграф“. Дополнително, одлуката на италијанскиот
стручњак ќе зависи и од желбите на неговото семејство, кое се уште
престојува во Италија.
Антонио Конте го презеде Тотенхем во ноември 2021 година. Оваа
сезона клубот под негово водство стигна до плејофот во Лигата на
шампионите и по 15 кола се наоѓа на четвртото место на табелата во
Премиер лигата.