Јувентус ја објави цената на Адриен Рабио
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ја објави сумата за која би можел да го продаде својот играч за врска Адриен Рабио.
Францускиот репрезентативец остави одличен впечаток со своите игри за време на Светското првенство во Катар и предизвика интерес кај голем број европски клубови.
Договорот на Рабио со Јувентус истекува на крајот од сезоната и се чини дека нема да биде обновен. „Бјанконерите“ планираат во јануари да се разделат со францускиот интернационалец за сума од околу 10 милиони евра за да го спречат да си замине од клубот како слободен играч во летниот преоден рок.
Еден од кандидатите за потписот на Рабио е Манчестер Јунајтед, клуб кој беше многу блиску до негов ангажман минатото лето. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да му платат 10 милиони евра на Јувентус за услугите на 27-годишниот играч.