Аргентинецот Мекалистер е трансфер цел на Арсенал и Тотенхем
Светскиот шампион со Аргентина од Мундијалот во Катар , Алексис Мекалистер, е трансфер цел на премиерлигашите од Лондон, Арсенал и Тотенхем.
Аргентинецот остави огромен впечаток на своите настапи за селекцијата на Аргентина, особено за време на финалето против Франција, кое Аргентина го доби после изведување на пенали, а Мекалистер беше асистент на еден од головите. Неговиот сегашен клуб Брајтон му нуди значително зголемување на платата за тој да остане во тимот и во иднина.
Некои англиски медиуми пренесуваат дека Арсенал ќе поднесе сериозна понуда до Брајтон за да го доведе Мекалистер веќе во јануари. Во битката за потпис со фудбалерот се споменува и најголемиот градски ривал на Арсенал,Тотенхем, кој исто така нема да жали финансиски средства за да го види аргентинскиот фудбалер во своите редови.
Алексис Мекалистер оваа сезона во Премиер лигата , на 14 настапи за Брајтон има постигнато пет гола.