Зидан е главен кандидат за селектор на Бразил
Францускиот весник „Лекип“ пренесува дека Зинедин Зидан е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Според овај медиум, фудбалската федерација на Бразил, се решила да ангажира странец на селекторската позиција, а првиот избор бил Карло Анчелоти, меѓутоа италијанскиот стратег не сака да ја напушти клупата на Реал Мадрид. Сега фокусот на федерацијата се насочи кон ангажман на Французинот Зинедин Зидан кој е слободен за работа бидејќи е без ангажман од 2021.година кога го напушти Реал Мадрид.
Претходно имаше информации дека Зидан од 2023.година треба да ја преземе селекцијата на Франција, но челниците на фудбалскиот сојуз на Франција одлучиле да му понудат нов договор на актуелниот селектор Дидие Дешамп.
Бразил остана без селектор после оставката на Тите кој си замина од позицијата по завршетокот на СП во Катар.