Баерн му нуди нов договор на Лукас Хернандез
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, потврди дека францускиот фудбалски дефанзивец, Лукас Хернандез, ќе го продолжи договорот кој му истекува во 2024 година.
„Разговорите со агентите на Лукас се во напредна фаза. Неговата иднина е во Баерн, нема сомнеж во тоа“ – изјави Хасан Салихамиџиќ.
26-годишниот играч настапи на Светското првенство за Франција но, поради потешка повреда уште на првиот меч мораше да прекине со активностите.