Мусиала е избран за најдобар играч на Баерн Минхен за 2022 година

Играчот Џамал Мусиала е избран за фудбалер на годината во Баерн Минхен според анкетата на
читателите на Весникот „Билд“.
Офанзивецот Мусиала првото место го освои на убедлив начин откако собра 4767 гласови од
вкупно 6171. На второто место според изборот се најде напаѓачот Ерик Максим Чупо-Мотинг со
258 гласа, а на третото место се најде Роберт Левандовски кој сега настапува за Барселона.
Мусиала во годината што изминува во дресот на Баерн постигна 14 гола и запиша 11 асистенции
на 39 дуели во сите напреварувања.