Реал му нуди нов договор на Марко Асенсио, но со помала плата

Реал Мадрид е подготвен да го задржи Марко Асенсио во својот тим и следната сезона. Договорот на играчот истекува на лето, но клубот е подготвен да му понуди нов. Сепак, тоа ќе биде на многу пониски финансиски параметри од оние што ги добива играчот од средниот ред во моментов, пишуваат медиумите од Шпанија.

Асенсио мора да процени дали таквата понуда му одговара. Во оваа фаза тој и неговиот агент Жорж Мендеш не брзаат да ја прифатат понудата на Реал Мадрид и сакаат да ги разгледаат сите можни опции. Исто така, можно е Асенсио да ја прифати понудата на Реал и да продолжи да игра на „Сантијаго Бернабеу“, по примерот на Серхи Роберто, кој на сличен начин прифати помала плата за да остане во Барселона.

Од друга страна, пак, Асенсио не е особено задоволен од неколкуте минути игра што ги добива и се чини дека тешко ќе се избори со конкуренцијата на Родриго и Феде Валверде за место на десното крило од нападот.