Тео Хернандез не мрда никаде од Милан, тоа е идеалниот клуб за него

Мануел Гарсија кој му е агент задолжен за трансфери на Тео Хернандез, вели дека левиот бек може да остане до крајот на кариерата во редовите на Милан.

„Секој фудбалер има тим што му одговара. Откако Тео дојде во Милан, се чувствува сакан од сите навивачи и целата околина. Тоа беше совршена комбинација“, вели Гарсија.  

25-годишниот француски интернационалец ги брани боите на „росонерите“ од 2019 година. Досега има одиграно 113 мечеви и постигнато дваесет голови.