„Волците“ спремни да го откупат Куња

Вулверхемптон ќе треба да му исплати 50 милиони евра на Атлетико Мадрид за услугите на Матеуш Куња.

Кон крајот на 2022 година Куња пристигна во Вулверхемптон на позајмица, но многу брзо се активираше по малку бизарната клазула во неговиот договор.

Имено, во договорот помеѓу двата клуба се додала клазула според која Вулверхемптон треба да му плати 50 милиони евра после три настапи на Куња. За трите настапи на Куња во Вулвс потребни беа само две недели. Тој настапи против Астон Вила, Ливерпул и Нотингем, па сега „волците“ ќе треба да платат 50 милиони евра.