Рекорден ТВ договор за германската Бундеслига

Раководството на германската фудбалска лига (ДФЛ), кое е одговорно за организирањето на шампионатот во Првата и Втората Бундеслига, очекува да продаде дел од правата за пренос на натпревари на странски инвеститори за 4,5 милијарди евра, објави „Фајненшл Тајмс“.

Наводно, станува збор за продажба на удел од 25% од вкупната вредност на содржината, која ДФЛ во иднина ја проценува на 18 милијарди евра.

ДФЛ ќе разговара за договорот за правата на медиумите на состанокот на 9-ти февруари. Раководството на лигата очекува на овој начин да ги намали финансиските разлики во однос на англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига.

Шест компании конкурираат за купување на правата, вклучувајќи ја и американската „Sixth Street“, која купи удел во медиумскиот бизнис на Барселона за 300 милиони евра минатата година.